Македонија
2. August 2021 - 13:58

Груби: Само здружени им пркосиме на препреките и ги отвораме перспективите за идните генерации

Кога Албанците, Македонците и другите се здружени, им пркосат на препреките и ги отвораат перспективите за идните генерации да живеат во мир, слобода, демократија и во пријателство со другите народи. Токму Илинден го одбележуваме како еден од тие моменти на соединување во историјата за подобра заедничка иднина за сите нас, се вели во честитката од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби по повод 2 Август – Денот на Републиката.

– Од Крушево, па се до Охрид, напорите за слобода и еднаквост се соочуваа со безброј предизвици низ децении, системи и власти. Но, идејата на којa и е дојдено времето и волјата на граѓаните за да живеат слободни и еднакви не може да ја спречи ниедна власт, додава Груби во честитката.

Посочува дека само заедно сме посилни, подобри и го честита празникот на сите граѓани на нашата земја.