Македонија
13. јуни 2025 - 16:33

Правда финализираше пет закони од Реформската агеда

Министерството за правда подготви пет од осум закони од првиот пакет закони од Реформската агеда. Министерот Филков вели дека се прават напори најдоцна до 23 месецов, истите да влезат во собраниска процедура.

Во пакетот осум закони со рок за носење до јуни годинава, четири се доставени до Влада и се во скратена постапка – Закон за платите на судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и Законот за платите на членовите на Советот на Јавни Обвинители.

Петтиот, законот за Судски совет е подготвен и доставен на на мислење на Венецијанската комисија и објавен на ЕНЕР.