Груби: Корупцијата е пострашен вирус од КОВИД
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска, од првиот панел на меѓународната конференција во Скопје порача дека најголемата закана за економиите е корупцијата, а не короната. Почетната основа за економско закрепнување, дополни Груби, е борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Корупцијата, истакна Груби, е пострашен вирус и од КОВИД.
-Мора да почнеме да пријавуваме корупција денес. Не зборуваме за пропаганда или за неосновани партиски обвинувања, туку за вистински аргументирани фактички ситуации и случаи. Да направиме коалиција – Владата, невладините организации, бизнис заедницата, науката, сите да се обединиме и да и застанеме на патот на корупцијата, повика Груби.
Тој напомена дека е неопходно и владеење на правото.
-Корупцијата е нашиот најголем непријател и закана за растот на сите економии, општества и демократии. Го поткопува кредибилитетот на институциите и процесите. Се работи за уште пострашен вирус од КОВИД кога станува збор за закрепнувањето, растот и развојот на економијата. Мора да градиме клима на личен и институционален интегритет, етичко однесување на лично и институционално ниво. Но, без одржливо владеење на правото не можеме да имаме кредибилни институции и доверба на јавноста кон системот. Некредибилни институции значат недостиг на јавна доверба што доведува до селективна и корумпирана правда, а тогаш немаме стабилни инвестиции, стабилна бизнис клима. Тоа доведува до замена на правниот систем, на најлесниот начин – мито, да се заврши работата, рече првиот вицепремиер.
Според него, сите актуелни предизвици, КОВИД, Авганистан, Кина, Русија, 5Г, Блискиот Исток – произлегуваат од корупција.
Груби нагласи и дека 120 милиони евра се губат на корупција во земјите членки на ЕУ, а 20 до 25 отсто од договорите се сведуваат на корупција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања