ГРОМ: Бараме фер услови за влез во НАТО
Република Македонија одамна ги исполни сите услови за прием во НАТО, а граѓаните сакаат, заслужуваат и треба да бидат во семејството на најголемата воено-политичка организација, но, цената за тоа треба да биде подеднаква и фер како и за останатите земји членки, порачува ГРОМ.
- Генералниот секретар на Алијансата Столтенберг, вчера уште еднаш јасно и недвосмислено ни соопшти: Македонија е добредојдена и одамна подготвена да влезе во НАТО, но, тоа треба да го направи со име прифатливо за двете страни, Македонија и Грција. Би рекле идентичен, ниту милиметар поместен став од оној во 2008 година, кој им беше укажан на тогашните претседател и премиер на државата во Букурешт, а како минавме тогаш на сите ни е добро познато, рече потпретседателот на ГРОМ, Љупчо Пренџов на денешната прес-конференција
Истите приказни, посочи, што Расмунсен му ги кажуваше на Груевски, сега Столтенберг му ги кажува на Заев.
- Нова е само еуфоријата на Зоран Заев кој се зафати со уривање огради и броење слики и кој создаде лажна надеж кај граѓаните на Република Македонија. Заклучокот е дека Република Македонија во изминатите десет години е со целосно исполнети НАТО стандарди, односно со сите политички и воено-безбедносни услови во одбраната, а единствена пречка ни е Грција која бара промена на нашето уставно име, рече Пренџов и додаде дека нашиот јужен сосед сака земјава да биде примена во НАТО, но без зборот Македонија во нашето име.
Нагласи дека колку што НАТО и е потребен на Македонија, толку Македонија и е потребна на Алијансата, пред се, поради се поголемото руско влијание во регионот.
Ново на Сител
-
Уапсен убиецот кој пукаше во штипското кафуле и неговите помагачи во бегството, сите се турски државјани
-
СДСМ обвинува дека убиствата станаа секојдневние, Тошковски нема контрола над безбедноста
-
Москва одбележува 80-години од победата над фашизмот
-
9 мај - Ден на победа над фашизмот
-
Почна најмасовна волонтерска акција за чистење на отпадот - Генералка викенд
-
Младите се помалку се обучуваат за спасители на вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Многу пријави за интернет закани, ама Македонија се уште без закон за сајбер беезбедност