Македонија
9. May 2025 - 16:42

Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна

Васил Јованов кој на пешачки ја усмрти 22 годишната Фросина Кулакова, призна вина.. Тивок и со наведната глава, во судницата рече дека разбира за што е обвинет, изразувам сочувство до целото семејство, да им се извинам. Никогаш не сум замислил дека ќе дојде до ваков настан. Ова е нешто што ќе ме прогонува до крајот на мојот живот“, изјави Јованов.. 

Признанието го слушаа и родителите на Кулакова.. Побараа максимална казна за Јованов, а судењето велат не е за одмзада, туку за правда за во иднина ниту едно дете да не се најде на местото на Фросина.. 

„Јас сум денес гласот на Фросина, зборувам за неа оти таа повеќе не може да зборува. Без возачка, пијан, на црвено светло, заобиколувајќи возила кои запреле, тој не се ни обидел да запре, удрил во мојата Фросина со толкава сила што го извиткала и семафорот“, рече во судницата мајката на Фросина, Камелија Кулакова..

Зборовите на Кулакови ги слушаа и родителите на Васил кои во судницата седеа со наведнати глави..  

Обвинителството посочи дека непосредно пред трагедијата, Васил возел „цик-цак“ по булеварот, а преминувал и преку две полни линии.. При одредување на казната, го повика судот да земе предвид дека возачот и претходно бил казнуван за сообрааќајни прекршоци..

Одбраната пак побара да се цени признанието но и тоа што Васил бил студент, освојувал награди како боксер, а запишал и академија за дитигатални вештини.. Обвини за јавна хајка и линч, а презентираше и видео снимка од која како што рече адвокатот, се слуша искрено каење на Васил кога кратко по несреќата стои до безживотнот тело на Фросина и се прашува себеси, што направив..  

Максимална казна за Васил, побараа адвокатот и родителите на Фросина.. Велат, делото е сторено со умисла, намерно не ги почитувал сообраќајни правила, а каењето не го сметаат за искрено бидејќи тој уште од првиот ден во затворот се обидел да внесе мобилен телефон.. 

Васил Јованов одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, дело кое според обвинителството се казнува со 20 годишен затвор.. Каква казна ќе одреди судот за Јованов, ќе биде познато идната недела.. Рочиштетот за објава на пресудата ќе се одржи во вторник.. 

Јованов е обвинет дека со брзина од над 90 километри на час, под дејство на алкохол, на зелено светло за пешаци ја прегазил Фросина кај Универзалната сала.. Зад управувачот возел без положен возачки испит..