Грција го презеде претседателството со Комитетот на министрите на Советот на Европа
Грција денеска го презеде претседателството со Комитетот на министри на Советот на Европа, за време на состанокот што се одржа со видео конференција со претставници на 47 држави членови на најстарата паневропска организација.
Министерот за надворешни работи на Грузија, Давид Залкалијани, ги презентираше резултатите од претседателството на неговата земја, додека министерот за надворешни / европски прашања на Грција, Милтиадис Варвициотис ги претстави приоритетите на грчкото претседателство во наредните шест месеци.
Со оглед на тековниот контекст, Грција избра да го стави своето претседателство под знакот на заштитата на јавното здравство и на одговорите на здравствената криза, истовремено почитувајќи ги човековите права, демократијата и правната држава.
Меѓу другите приоритети се независноста на судството и владеењето на правото, но и заштитата на ранливите деца и правата на помладата генерација во дигиталното образование, животната средина и социјалното поле.
На 4 ноември, Атина ќе биде домаќин на седницата на Комитетот на министри, која ќе ги собере 47-те министри за надворешни работи, како и на церемонијата за одбележување на 70-годишнината од Европската конвенција за човекови права. Потоа, Германија ќе ја наследи Грција како претседавач со Комитетот на министрите на Организацијата.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување