Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
По повод празникот Воскресение Христово, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор Киро Стојанов, на 1 мај 2024 година, упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.
Во честитката бискупот Стојанов ја истакнува понизноста Христова, кој прифаќајќи го својот крст и страдање, стигна до целта – воскресението и конечната победа на животот. Следејќи Го него и ние ќе ја препознаеме вредноста и смислата на секој наш крст и наше страдање и во Него ќе најдеме светол пат за победата на животот во нашето воскресение – пишува монсињор Стојанов.
Во продолжение на честитката посакува воскреснатиот Господ да нѐ води по патот на воскресението и не само на крајот од нашиот живот и човечката историја кога Бог ќе биде „сè на сè“, туку за да можеме да живееме претвкус на вечноста и на земјата.
Скопскиот бискуп и Струмички Скопски епарх монсињор Стојанов честитката до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА ја завршува со зборовите: Во тој дух Вам, Ваше Блаженство, на членовите на Светиот Архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на МПЦ – ОA и на сиот Божји народ посакувам честит и благословен празник Воскресение Христово – Христос Воскресна!
Во одвоена честитка монсињор Киро Стојанов му го честита и роденденот на Архиепископот Стефан, посакувајќи му Божји благослов во исполнувањето на неговата душпастирска дејност, здравје и долг живот
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан