Мајката на Пино: Вода во пустина ќе најдеш ама правда во Македонија тешко!
Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трповска преку социјалната мрежа Фејсбук ја прокоментира пресудата на Апелација со која случајот се враќа на повторно судење.
Таа смета дека нема правда во Македонија.
-Вода во пустина ќе најдеш ама правда во Македонија тешко. Нема правда во Македонија, напиша Трпковска на Фејсбук.
Ангела Ѓорѓиевска која доби 19-годишна затворска казна сега треба одново да се појави во судница. Таа претходно беше осудена поради свирепото убиство на Пино. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна за помагање во извршување на убиството во 2018 година.
Телото на Пино беше пронајдено неколку месеци по убиството во атарот на селото Љуботен. Во бегство и натаму е Фуркан Али, обвинет дека го извршил убиството со пушка која ја носел во автомобилот.
Ново на Сител
-
Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица
-
Новости на „Гугл“ за „Андроид“
-
Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот
-
Јувентус ќе игра против Милан во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп
-
Ѓоковиќ: Никогаш нема да кажам кој е најдобар тенисер во историјата
-
Управниот суд денеска ќе расправа по тужбите на Европскиот фронт
-
Разговорите за нова влада во тек, Управен треба да одлучува по одлуките на ДИК за прегласување
-
САД одобрија потенцијална продажба на воена опрема на Украина во вредност од 100 милиони долари