Грчкото Министерство за цивилна заштита соопшти дека на некои протести повеќе нема да се користи солзавец

Грчкото Министерството за цивилна заштита презеде политичка одговорност за употребата на хемикалии за време на денешниот протест на пензионерите во Атина.
Министерството издаде соопштение во кое се вели дека употребата на хемикалии ќе биде забранета за време на пензионерски и работнички протести.
Грчката полиција претходно употреби солзавец за да ги растера стотиците пензионери кои протестираа поради мерките за штедење и намалување на пензиите. Околу илјада пензионери се собраа во близина на владината зграда, скандирајќи пароли и изразувајќи незадоволство од, според нив, „незаконското и бесчувствително одземање на нивните доходи“.
Десетици од нив, кои беа на чело на протестите, се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да превртат автобус на интервентната полиција, по што беше употребен солзавец.
Грчката Влада годинава ги намали пензиите во согласност со преземените обврски кон меѓународните кредитори, со цел да биде одобрен третиот спасувачки пакет финансиска помош за земјата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
