Граѓани на Неготино дадоа поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“
Во Неготино вечерва се одржа протестен марш со кој граѓаните дадоа поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“ и за унитарноста на државата.
Тие изразија незадоволство од тиранската платформа, која според нив, значи разнебитување на државата.
Пандорка Илкова, професорка по македонски јазик рече дека со отпочнувањето на преговорите за тиранската платформа започнува процесот на уништување на се она што не идентификува како Македонци.
- Секој кој се чувствува како Македонец, кој го сака јазикот македонски и го и го смета за свој, кој застанува на нозе, дури се вее македонското знаме и се пее македонската химна, ќе излезе на овој незапирлив марш за заштита на унитарноста на Македонија. Овој марш не е марш на омраза и национализам, туку на одбрана за својата земја, за својот јазик и за се она што нас Македонците не прави Македонци, рече Илкова.
Учесниците на протестот порачаа дека Македонија е на Македонците и на сите оние кои се чувствуваат како Македонци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница