Македонија
24. August 2015 - 12:07

Градинката „Кочо Рацин“ готова кон ккрајот на септември

Градинката „Кочо Рацин“ во општина Центар ќе биде готова кон крајот на септември.

Општина Центар информира дека во градинката се вградени еколошки материјали, фасадата ќе биде енергетски-ефикасна, а подовите антиалергиски со вградено подно греење. Градинката ќе има и кујна според ХАЦЦП стандардите и ќе произведува 500 оброци дневно за децата од матичната градинка и двата клона.

Изградбата на новата градинка е дел од проектот на општината „Работно лето 2015“, а увид во градежните работи изврши градоначалникот Андреј Жерновски.