Град Скопје: Помасовно да се користи бесплатниот јавен превоз
Помасовно да се користи бесплатниот јавен превоз од граѓаните во Скопје, да се остават автомобилите и да се користат бесплатните услуги на јавните превозници во овој период на голема загаденост на воздухот, апелира Град Скопје во денешното соопштение.
Градските власти потсетуваат дека скопскиот градоначалник Коце Трајановски вчера објави поголем број итни мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот. Една од нив беше воведување бесплатен јавен превоз за сите граѓани во Скопје, во автобусите на ЈСП Скопје и во автобусите на приватните превозници, се до намалување на загадувањето.
Град Скопје ја интензивира контролата на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.
ЈП „Комунална хигиена“ ќе го продолжи интензивното миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и се препорачува скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност.
Доколку дозволат временските услови, Град Скопје ќе продолжи да ги прска градските улици со средството калциум магнезиум ацетат.
- Во согласност со сегашните прописи во градот не може да се воведе пар-непар, но затоа Град Скопје апелира до надлежните министерства - за животна средина и просторно планирање, за внатрешни работи и за здравство да предложат измени во законот за да може да се спроведува оваа мерка, се вели во соопштението од Град Скопје.
Трајановски апелираше вработените во Град Скопје на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз.
Службените возила на Град Скопје ќе се користат исклучиво за потребите на градскиот инспекторат.
Град Скопје и јавните градски претпријатија ги ослободуваат од работа лицата над 60-годишна возраст со хронични заболувања, како и бремените жени.
- Градот Скопје изминатите денови вршеше интензивен инспекциски надзор на инсталациите што се во негова надлежност и притоа изврши контрола на 36 инсталации, со мерење на емисијата на ПМ 10. Притоа, е утврдено дека ниту една инсталација во наша надлежност не ги надминува граничните вредности, соопшти Град Скопје.
Комуналните инспектори на Град Скопје во изминатиов период направиле 1.000 контроли и изрекле 12 казни на компании заради непочитување на одредбите на Одлуката за комунален ред во Скопје.
Град Скопје апелира до Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции. Има барање од Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Град Скопје и кои се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација.
Ново на Сител
-
Груби недостапен, Обвинителството бара притвор
-
Политички рекации
-
Ѓурчевски: Во МВР отсекогаш постоеле „кртови“, но денеска е полесно да се пронајдат
-
Таткото на починатото седуммесечно бебе: Го чуваш, го негуваш и за пет дена веќе го нема!
-
Бугарија со предупредување до ЕУ: Прво уставни измени, па интеграција на Македонија
-
Азески: Да се игра внимателно за помали последици од германската економија
-
Најголем дел од Скопје ќе остане без вода: Затворањето на главниот цевковод почнува во петок
-
Преглед на вестите од светот