Горивата во Црна Гора најевтини во регионот
Според објавата на црногорската Влада, горивата во земјата се со најниски цени во регионот. На својот инстаграм-профил Владата во Подгорица објавува дека литар бензин “Супер 95” во земјата чини 1,26 евра, 1,35 евра во Словенија, 1,37 евра во Северна Македонија, 1,39 евра во Хрватска, 1,46 евра во Босна и Херцеговина, 1,48 евра во Србија, 1,69 евра во Албанија.
„Цената на еден литар бензин “Супер 98” во Црна Гора е 1,30 евра, во Северна Македонија – 1,40 евра, во Хрватска – 1,46 евра, во Србија – 1,65 евра, во Босна и Херцеговина – 1,67 евра и во Словенија – 1,70 евра“, велат од црногорската Влада.
Со цена од 1,48 евра за литар дизелот е најевтин во Црна Гора и во Северна Македонија, додека останатите цени во регионот се движат од 1,52 евра во Хрватска, 1,60 евра во Словенија, 1,64 евра во Босна и Херцеговина, 1,83 евра во Србија, 1,88 евра во Албанија до 1,90 евра во Косово. „Ги поддржуваме и граѓаните и економијата“, се додава во инстаграм објавата на црногорската Влада.
Ново на Сител
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
Мицкоски: 2 август – Денот на Републиката е ден на обединување