Големиот шумски пожар на македонско-бугарската граница се шири кон селото Стиник
Во гаснењето на трите шумски пожари што вчера и денеска избувнаа во граничниот појас меѓу Македонија и Бугарија, кај селото Бајково, општина Ново Село, учествуваат педесетина лица.
Општина Ново Село формираше кризен штаб и вработени во општината и комуналното претпријатие, заедно со екипи на СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Шумското стопанство „Беласица“ се на местото на пожарите.
Огнената линија е во должина од околу три километри на местото Рајаново, во близина на поранешната каруала над селото Бајково.
– Пожарот се шири, местото не е пристапно за опрема и возила, а самиот ветар значително го отежнува гаснењето. Се шири кон селото Стиник, но таму е нашата екипа и се надеваме дека нема да дозволиме да се приближи, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.
Додаде дека е тешко да се прогнозира кога пожарите ќе бидат ставени под контрола затоа што во нив е зафатена ретка дабова шума со тревна вегетација во приватна сопственост.
Ново на Сител
-
Масовен напад со дронови врз Москва, затворени аеродромите
-
Земјава денеска ќе го преземе претседателството со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива
-
Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) - празник на обновување на природата и животот
-
Федерален апелациски суд го отфрли барањето на Трамп за одземање на статусот на илјадници мигранти
-
Хегсет: САД го намалуваат бројот на високи офицери за најмалку 20 отсто
-
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд
-
Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет
-
Премиерот на Романија, Чолаку поднесе оставка