Голема акција на хрватската полиција за апсење луѓе осомничени за перење пари на штета на компанијата ИНА

Хрватската полиција и Одделот за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК) денеска спроведуваат голема акција во која се уапсени повеќе лица за, како што се сомничат, злоупотреба и перење пари на штета на компанијата ИНА, а меѓу уапсените е и еден од директорите на компанијата.
Како што објави Јутарњи лист, станува збор за кривични дела злоупотреба и перење пари на штета на ИНА, а се уапсени во Загреб и сплитско-далматинската област.
Според сомнежите на истражителите, во тие незаконски дејствија е оштетена ИНА за огромна сума - повеќе од 13 милиони евра.
Според дел од хрватските медиуми, еден од директорите на ИНА договорил поевтина набавка на гас во Хрватска со цел истиот гас да се препродава во странство по многу висока цена, при што дел од разликата добил како награда.
Ново на Сител
-

Експерти: Анкетна комисија за Пулс во Парламентот може да влијае на судската постапка
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група СДСМ
-

Одложено утрешното судење за „Пулс“, обвинетите не го добиле обвинението
-

Заврши истрагата за полициските службеници осомничени за пожарот во кочанската дискотека
-

Екс министерот Димковски осомничен за криминал со стоковните резерви
-

Судски совет презентираше програма за борба против корупцијата во судството
-

Мицкоски до утре ги чека предлозите од ВРЕДИ за празните места во Владата
-

Над 6 илјади граѓани аплицирале за грант за отворање сопствен бизнис
