Голем пожар во Вардариште, поради ризик исклучена струјата во делови на Аеродром, Ново Лисиче и Гази Баба
Голем пожар во близина на Вардариште предизвика прекин на струјата во делови од Аеродром, Ново Лисиче и Гази Баба
Граѓаните на социјалните мрежи бурно реагираат дека пожарот се шири веќе два до три часа и бараат итна интервенција за решавање на ситуацијата.
„На 35 степени, без струја и во чад – не можеме ни прозор да отвориме без да се задушиме“, коментираат револтирани жители.
Од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информираат дека пожарникарите од Противпожарната бригада се на терен од околу 12 часот, гаснејќи запалена сува трева и отпад во кругот на поранешната депонија Вардариште.
Во интервенцијата се вклучени седум противпожарни возила и најмалку дваесет пожарникари.
Поради ризик од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно е исклучена струјата, со што поголемиот дел од Општина Аеродром е без електрична енергија.
Ново на Сител
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината