До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
Имињата на сите кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се знаат за еден месец од сега. Досега 33 кандидати се објавени, некој прв пат ќе биде во трката за градоначалничко место, некои ќе се борат за втор мандат во општините со кои раководеле, но до средината на јули ќе се заокружи списокот. Во моментов се прават мерења за 17 општини, а анкети се прават и за градоначалничкото место на град Скопје. Доколку има и добри кандидати од коалицијата, премиерот вели дека ќе ги поддржат.
Се преговара и со коалициониот партнер ЗНАМ дали ќе настапат со заеднички кандидати во некоја општина. Она што е сигурно е дека претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски ќе се кандидира за нов мандат во Куманово, општина со која раководеше изминативе 4 години.
Од опозициската СДСМ имињата за градоначалници ги најавија за следната недела, а до крајот на јуни ќе бидат соопштени сите кандидати. Се разгледуваат опциите и со кои партии би настапиле на изборите. Партијата не ја исклучи можноста за коалиција со ДУИ, а од партии кои потврдија дека ќе одат во коалиција со СДСМ на локалните во октомври е НСДП.
Се уште е неизвесно дали Таравари и ДУИ ќе се поддржуваат на локалните избори, неофицијална причина поради која Таравари се повлече од Владата и министерското место.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар