-->
-->
Го фатила како ѝ краде од шкаф, по што ја нападнал и ѝ го украл велосипедот, кичевчанка пренесена во болница
-->
Вчера во 10.00 часот на ул.„Прилепска“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.Б.(20) од Битола.
- Битолчанецот се сомничи дека околу 02.30 часот со метален предмет ја нападнал И.И.(68) од Кичево, информираат од МВР.
Според пријавеното до МВР, И.И. го забележала Б.Б. како претура во метален шкаф пред влезната врата од нејзиниот дом, кој потоа ја нападнал со метален предмет, по што одзел велосипед и побегнал. И.И. била пренесена во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош, а по преземени мерки Б.Б. бил пронајден и лишен од слобода и од него биле одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда