Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
Самитот на шефови на држави и влади во Тирана нова шанса за средба за претседателката Гордана Силјановска Давкова и бугарскиот колега Румен Радев. Иако официјален состанок не се потврдува, не се исклучува неофицијална средба на двајцата претседатели на маргините на Самитот. Ова ќе биде прва средба откако официјална Софија одлучи наместо Радев на Самитот на НАТО да го испрати премиерот Желјазков. Не се исклучува ниту можноста да се разменат и мислења дали по поканата на претседателот на Европскиот Совет, Кошта, Бугарија ќе прифати средба со македонската делегација во Хаг.
Премиерот Мицкоски потврди дека во тек е комуникација со Канцеларијата на Европската комисија во земјава околу иницијативата за средба со бугарската страна, и дека веќе постои предлог-термин, за кој сè уште се чека потврда од официјална Софија.
Оттаму пак преку шефот на бугарската дипломатија испраќаат порака дека со Македонија немале отворени прашања, но сериозно ги загрижувал тонот на македонските политичари.
Од Бугарија засега молк дали се подготвени да седнат на маса со Македонија и да се разговара за сопките на македонските интеграции со посредство на Брисел.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар