Бизнис
16. јуни 2025 - 16:39

Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга

Државата ќе бара поволен заем од 1,91 милијарди евра. Денеска и утре министерството за финансии до сите меѓународни банки ќе прати писмо за интерес и врз основа на понудите ќе ја избере најповолната кога ќе ја финансира изградбата на брзата пруга. На листа се 15-тина реномирани институции со кои сме соработуавале, како Светска банка, ЕБРД, ЕБ, Дојче банк и слично, па која ќе даде најниска камата ќе склучиме договор со неа и ќе почне реализацијата, вели министерката за финансии Кочоска. Ова не значи дека кредитот ќе биде од Обединетото Кралство, туку дека Британската Експорт Импорт е само гарант дека земјавата ќе го врати заемот. 

Прво, не го земаме кредитот од Велика Британија. Навистина многу се изместија работите во начинот на кој се комуницира. Ние склучивме Договор за соработка со Велика Британија каде британската Експорт банка е таа што ќе даде гаранција дека ако не го враќаме кредитот, тие ќе го вратат во наше име, што во суштина значи, нашиот кредитен рејтинг на некој начин го подобруваат за да добиеме пониски каматни стапки. Суштината и конекцијата меѓу нас и британската банка е во тој дел. Од каде ќе добиеме понуда ќе видиме, тоа допрва следи, изјави Гордана Димитрисока Кочоска, министер за финансии

Од министерството за транспорт велат дека во овој момент се прави разработка на визибилити студија за изградба на брзата пруга, кој ќе биде стратешки приоритет на оваа Влада. Веќе се формирало Координативно тело кое работи на реализација на договорот со Обединетото Кралство, а принципот на градба ќе биде заедничко проекторање и градба согласно ФИДИК правилата. Министерката Кочоска пак, ја повика опозицијата да се воздржи од шпекулации дека заемот ќе биде 5 милијарди евра, сума која енормно би го зголемила јавниот долг. 

Треба да сфатат сите дека немаме простор за комоција, напротив. Јас сум единственот министер што успеа и се труди да го намалува или да го држи контролирано јавниот долг и со вакви коментари што ги дава опозицијата, не ја олеснуваат работата зашто бројките го потврдуваат тоа што го работиме, подвлече Димитриоска Кочоска.

Заинтересираните банки имаат рок до 30 јуни да ги достават понудите за финансирање. Потоа ќе се склучи договор, па повлекување на парите. Во исто време при крај се и контурите на ребалансот на буџетот, кој оваа недела се очекува да го усвои Владата. Прокециите за раст на економија од 3,7 отсто и инфлација од 2,5, Кочоска вели дека ќе останат исти.