Гликозен сируп наместо мед се продава на пазарите и преку социјалните мрежи
Фалсификуван мед се продава на пазарот и социјалните мрежи .Охридските пчелари велат дека ваквата состојба е иницирана од трката за брз профит и намалените просечни приноси по пчелно семејство во последните години како резултат на климатските промени. Со оглед на тоа дека се нуди мед и по цена од 300 денари апелираат до граѓаните да внимаваат што купуваат бидејќи наместо оригинален мед се продава гликозен сируп.
Ако порано на патот Охрид - Кичево можеше да се сретне по некој „див“ продавач на мед, денес тоа е секојдневие. За жал, ваквата појава зема се поголем замав.
Пчеларите бараат од надлежните институции по зачестени контроли и поригорозни мерки и казни.
Iнаку цената на медот е 600 денари, иако во некои делови од државата продажбата оди до 800 и 1 000 денари.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар