Ѓорѓевски: Благословот од СПЦ е без ниту едно условување, нѐ прифаќаат како што сме
Во Темата на Денот во Дневникот на Сител ТВ деканот на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓорѓевски зборуваше за денешното признавање на МПЦ-ОА од страна на СПЦ и посочи дека:
-Aплаузот во Соборниот храм покажува што очекувале верниците. Ќе беа разочарани доколку не се случеше денеска признавањето, но сметам дека ќе имаше трпение и понатаму. Целата атмосфера во црквата отсликуваше едно олеснување и ведрина. Народот се чувствуваше изморен и малку збунет, а сега и радосен, вели деканот на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓорѓевски за денешното признавање на МПЦ-ОА од страна на СПЦ.
-На 9-ти мај почнавме да гледаме повеќе од светлина, беше јасен правецот. Се изнајде решение за сите пречки. Ме радува дека овој благослов од СПЦ се случува без ниту едно условување, нѐ прифаќаат како што сме. Ова е во краток период и мораше да се случи. 55 години беше долг период на чекање, рече Ѓорѓевски во Дневникот Сител.
Ново на Сител
-
Почна расправата за ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Се бориме да го вратиме тоа што го продаде опозцијата
-
Бизнис форум Македонија - Италија
-
Лимани: Демографијата е клучен приоритет на владата
-
Со вештачки мрест до подобрување на состојбата со рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Планот за раст е алатка каде реформата значи награда, порача министерот Муцунски
-
Teма на денот со Орхан Муртезани, министер за европски прашања