Македонија
18. April 2022 - 19:44

Ѓорчев: Ванчо Михајлов беше осуден во царска Бугарија, па мораше да избега

Поранешниот амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев вечерва во гостувањето во Тема на денот на Сител истакна дека именувањето на бугарскиот клуб со името Ванчо Михајлов е злоупотреба на името на спорна личност.

-Именувањето на бугарскиот клуб со името Ванчо Михајлов, кој практикувал терор, се поткопува и заедничката историја. За каква заедничка историја зборуваме? Ова е провокација од Бугарија. Бугарскиот клуб можеше да се нарекува Андреј Љапчев, еден Симеон Радев, личности кои не се спорни со својот демократски капацитет и да се покани и македонскиот државен врв. Тоа ќе беше мост на пријателство. Ова е злоупотреба на името на спорна личност. Тој беше осуден во царска Бугарија со повеќе пресуди, па мораше да избега, рече Ѓорчев.