Тенис
18. April 2016 - 8:24

Ѓорческа по Истанбул се проби на 277.место (најдобар ранг)

По одличниот настап на фјучрсот во Истанбул и освоените 34 поени македонската тенисерка Лина Ѓорческа со вкупно 161 поен се проби 277.место што е нејзин најдобар ранг во кариерата. Таа со ова конечно успеа да се „спушти“ под 300.место.

Таа во Истабул играше во полуфиналето, а повредата на зглобот ја спречи да прикаже подобра игра и во мечот за пласман во финалето.
Ѓорческа воедно има и скок од 34 места откако претходната недела беше пласирана 311.место.