Гевгелиска драмска група се врати со прво место од фестивал во Банско
Драмската група „Дон Кихот“ од Гевгелија, синоќа се врати од бугарскиот град Банско каде го освои првото место во театарската конкуренција на уметничкиот фестивал „Утринска ѕвезда“
Годинава, во многу силната конкуренција на престижниот фестивал, аматерската драмска група „Дон Кихот“ од Гевгелија го освои првот место со претставата „Како да се ограби банка“ во режија на Катица Џишева Дупарова и продукција на Домот на културата од Гевгелија.
-Уште еднаш нашите членови го покажаа раскошниот талент и професионализам кој очигледно е пресуден за освојување награди на фестивалите, но и потврдија дека со право се добитници на сребрената плакета по повод празникот на општина Гевгелија, велат од водството на „Дон Кихот“.
Изминативе пет дена на фестивалот во Банско 2.500 деца од земјава, Грција, Украина, Шпанија и Бугарија, пред стручно жири го презентираа својот уметнички талент во осум различни области.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Марковски кандидат за градоначалник на Град Скопје
-
Успение на Пресвета Богородица - стотици верници со собраа во манастирот кај Матка
-
Мицкоски: Растот на нето-платата сега е двојно поголем во однос на периодот на владата на СДСМ
-
Стружани бараат возобновување на црквата
-
Мицкоски: Опозицијата ќе биде поразена, од ДУИ велат, тој испраќа пораки за затоплување на односите
-
Во земјата се потребни повеќе центри за менаџирање на дебелината
-
Сејф сити - Систем активен во Словенија, наскоро и во Македонија
-
Преглед на вестите од светот