Гевгелија засветли во новогодишните бои

Попладнево, со светнување на новогодишните елки и украси, Гевгелија го покажа празничното руво со кое се доловува новогодишниот амбиент. Поставени се две големи елки, едната на сообраќајниот кружен тек на „Булевар Гевгелија“ и другата на плоштадот во центарот на градот.
Од Информативната служба на општина Гевгелија соопштија дека по традиција влезниот и централниот дел од градот се накитени со новогодишни украси кои се поставени на улиците „Булевар Гевгелија“, „7 Ноември“, „Слободан Митров Данко“, „Маршал Тито“ и „Димитар Влахов“, како и со ѕвездено небо кое го покрива градското шеталиште.
На задоволство на голем број граѓани ,посебно на децата, попладнево многу порано од лани се почувствува новогодишниот амбиент на гевгелиските улици на кој се воодушевуваат и бројните гости од Грција кои ги посетуваат маркетите во Гевгелија во пресрет на Божикните празници.
Ново на Сител
-

Буџетот во 2026 година ќе тежи 6,7 милијарди евра
-

Меѓународен форум за енергетика
-

Академијата за обука на административните службеници ќе стартува во 2027
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведените од Комуналец и утрово во полициска станица
-

Меѓународен форум за енергија во Скопје
-

Финишира предизборната кампања
-

Преглед на вестите од светот
