Германец обвинет за кражба на лични податоци на 3,7 милиони интернет корисници
Маж од источната германска покраина Тирингија е обвинет за кражба на лични податоци и фалсификување поврзано со нелегално користење на личните податоци на 3,7 милиони корисници на интернет, соопшти денеска обвинителството во Милхаузен објави ДПА.
Осомничененото лице (32) е во притвор и чека судење. Датумот за почеток на судењето се уште не е одреден.
Тој е обвинет дека преку ирански софтвер украл податоци (и-мејл адреси, лозинки, домашни адреси и банкарски податоци) од серверите на вкупно 227 онлајн трговци. Прекршокот се случил помеѓу декември 2014 и април 2016 година.
Обвинителите тврдат дека тој продал дел од податоците што ги добил нелегално на „Даркнет“, дел од интернет на кој може да се пристапи само со алатки за анонимност и често се користи за нелегална активност.
Ново на Сител
-
Обука за медицински персонал од штипска физикална за третман на повредините во пожарот во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР истражува дали е подметнат пожарот во куќата на Пандов
-
Камбовски: Оставки не носат реформи во судството
-
Судиите бараат да бидат вклучени во законски измени на правосудството
-
СДСМ: Наместо решение за цените, добивме маркетиншки трикови
-
Нови авио линии, поголем број на туристи
-
Преглед на вестите од светот