Германците стравуваат од нови бранови на коронавирусот во 2021 година
Повеќето Германци не очекуваат пандемијата на коронавирусот да стивне следната година, покажува истражувањето на јавното мислење на „Ерго осигурување“.
Шеесет отсто од испитаниците очекуваат нови бранови на инфекција со вирусот во текот на 2021 година. Само 18 проценти се со став дека нема да има нови бранови следната година.
Четириесет и еден процент од Германците се гледаат себеси како членови на ризична група – најмалку кај младите под 30 години кои сметаат дека се дел од ризичната група (11 проценти), и 75 проценти од оние над 60 години.
Истражувањето покажа дека Германците се многу дисциплинирани, бидејќи 91 отсто тврдат дека се почитуваат мерките за спречување на инфекција.
Најголемиот страв имаат за корона-кризата – 23 отсто од Германците. Потоа следи стравот од поделба во општеството (20 проценти), болест на роднините (18 проценти).
Ново на Сител
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани