Генерал Стјуарт: Сите сакаат да се популарни како Путин
Началникот на разузнавачката управа на американското Министерство за одбрана, генерал потполковник Винсент Стјуарт, призна дека секој политичар посакува да биде популарен како рускиот лидер Владимир Путин.
Во текот на седницата на американскиот Сенат генерал беше замолен да даде коментар за тоа дали „тешкотиите и економијата можат да се одразат врз лидерството на Путин“.
Стјуарт призна дека „изведувањето (на воени) операции и состојбата во економијата можат да доведат до загриженост“, пренесува „Блиц“.
- Меѓутоа, доколку го погледнете рејтингот на Путин, мислам дека секој од нас би посакал да биде толку популарен како што е тој во Русија, наведе американскиот генерал.
„Русите имаат проблеми со економијата, проблеми со демографијата. Меѓутоа, јас не гледам знаци дека Путин нема да се одржи на власт до крајот на својот претседателски мандат, што трае уште околу една година“, рече Стјуарт.
Освен тоа, Стјуарт наведе дека „луѓето сметаат дека Путин е силен лидер, со кој Русија може да му се спротивстави на Западот и да го заземе своето место на светската сцена и со тоа да ја покаже историската желба да доминира со светот“.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје