-->
-->
ФЗО ќе ги презентира активностите за измени на Правилникот за плаќање на услугите во примарната здравствена заштита
-->
Фондот за здравствено осигурување денеска на прес-конференција ќе ги презентира активностите за донесување измени на Правилникот за начинот на плаќање на здравствените услуги во примарната здравствена заштита, со посебен акцент на предложената скалеста исплата на капитацијата за ординациите во руралните средини.
Како што се наведува во најавата, Фондот во оваа фаза ги повикува докторите кои веќе работат во рурални подрачја, докторите кои би сакале да работат во овие средини, но моменталните услови претставуваат пречка, како и месното население од руралните подрачја, да се вклучат со предлози и мислења за измените.
Прес-конференцијата ќе ја одржат генералните директори на Фондот, Сашко Клековски и Бранко Аџигогов.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинзи на СДСМ во Берово и во Делчево
-
Митинзи на ВМРО ДПМНЕ во Радовиш и во Струмица
-
20 години Меморијален центар на Холокаустот во Македонијa
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, експерт за комуникации
-
Концепт - Нула сообраќајни несреќи во Скопје ветува Ѓорѓевски
-
Филипче обвинува: Владата работи исклучиво за олигархијата
-
Активности на кандидатите за градоначалник на Чаир
-
Предизборни ветувања на кандидатите за градоначалник на Скопје