-->
-->
Функционери и членови на СДСМ и Сорос во уништување и хулиганство
-->
Во уништувањето на спомениците и разните државни и приватни објекти и хулиганството во рамки на протестите организирани од невладините на Сорос и СДСМ, учествуваат фукционери и членови на СДСМ.

Речиси сите на јавноста и се добро познати, голем дел од нив досега многупати можеа да се видат и на други насилни протести во организација на невладините организации на Сорос и СДСМ.
Во хулиганството, нападот на полицијата, сквернавењето на Порта Македонија, Министерството за култура – објект од триесетите години на минатиот век и низата напади учествуваше Алек Гошев, член на СДСМ и НВО „Аман“.

Во првите редови на насилните протести се најдоа и лидерот на СДСМ Зоран Заев и пратеникот од опозицијата Горан Сугаревски, како и поранешниот секретар на СДСМ Горјан Тозија. Меѓу хулиганите свое место најдоа и Љубомир Јосифовски пратеник од НСДП, Ѓуро Кешкец од СДСМ, Стојанче Ангелов од „Достоинство“, братучедот на Радмила Шекеринска, Никола Наумовски и Бориан Афтимов од СДСМ на Центар.zaev goran



По полицијата со металните заштитни огради удрија познатиот Душко млекарот, како и Цане Илиевски кој е осуденик за силување на малолетно девојче.

Љуми Бекири од ЛГБТ кој учествуваше на многу протести, беше неизоставен дел и од овие насилни протести, како и Вики Младенова од Хелсиншкиот комитет.


Протестите на СДСМ и Сорос добија поддршка и од Гзим Острени од УЧК.

Грците беа и во првите редови на насилните протести во Битола. Најредовен и во првите редови на протестите што ги организираат СДСМ и СОРОС е 54-годишниот Марвакис Атанасиос од Солун. Според објавите на неговиот профил на Фејсбук, може да се процени дека Марвакис Атанасиос е поддржувач на политиките на поранешниот министер за финансии на Грција Јанис Варуфакис.

Протестантите ја напаѓаа полицијата, целосно ја демолираа и го запалија инвентарот на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, а искршена беше и канцеларијата во Тетово. Сквернавена беше Порта Македонија, а хулиганите удрија и по фонтаната кај споменик Воин на коњ, градскиот плоштад, Министерството за култура, споменикот на АСНОМ, како и зградите околу плоштадот.
Ваквото деструктивно однесување на протестантите и нападот на спомен обележјата наиде на голема осуда кај видни луѓе од областа на спортот, актерството, уметноста. Тие сметаат дека она што го сплотило македонскиот народ и каде сите заедно славеле успех и се радувале, како и нешто што потсетува на историските триумфи на македонскиот спорт не смее и не треба да се уништува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ден на македонската револуционерна борба
-
Кандидатот за градоначалник на Скопје - Ѓорѓиевски посети дел од скопските општини
-
Мециновиќ ги најави плановите за следните активности
-
Медицинските сестри бараат закон со кој се регулира нивната дејност
-
Преглед на вестите од светот
-
10 годишно дете гризнато од глушец во скопски Капиштец
-
Скопските градоначалници ќе бараат помош од колегите во другите градови за да го соберат ѓубрето
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ