Македонија
23. October 2025 - 14:03

Кривична пријава за лице од Гостивар кое ја демнело поранешната партнерка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Ќ.(26) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“, соопшти МВР.

Пријавениот следел и вознемирувал жена од гостиварско, со која претходно бил во врска.