-->
-->
Фудбал У-17: Македонија ќе одигра два натпревара со Словенија
-->

Во пресрет на првиот квалификациски турнир за репрезентации до 17 години, Македонија ќе одигра две контролни средби против соодветната селекција на Словенија. Натпреварите ќе се одиграат на Тренинг Центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, на 20 и 22 септември.
- Ова се последни два натпревари пред квалификациите на крајот на октомври. За жал не можеме да сметаме на сите фудбалери. Рустемовски не беше во можност да се приклучи поради клупски обврски во Грасхоперс, а и Хајдари и Наумовски закрепнуваат од повреди. Иако без три стандардни репрезентативци ќе мора да направиме добар резултат како би влегле во квалификациите со максимална самодоверба, изјави селекторот Добринко Илиевски
Првиот квалификациски турнир репрезентацијата до 17 години ќе го одигра во Италија, во периодот од 26 - 31 октомври, 2016 година. Освен домаќинот Италија, Македонија за една од двете први позиции во групата ќе се бори со Србија и Албанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДИК: Избрани 44 градоначалници во прв круг, гласање во втор круг во 33 општини
-

3 дена до изборен молк, кандидатите ја бараат поддршката со конкретни проекти
-

Буџетот во 2026 година ќе тежи 6,7 милијарди евра
-

Меѓународен форум за енергетика
-

Академијата за обука на административните службеници ќе стартува во 2027
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведените од Комуналец и утрово во полициска станица
-

Меѓународен форум за енергија во Скопје
