Франгов во интервју за „Еuropean times“ порачува инвеститорите да ги реализираат своите идеи во Гевгелија

Ако имате намера да инвестирате некаде, вистинското место за вас е Гевгелија, им порачува градоначалникот Иван Франгов на читателите на угледниот светски магазин „Еuropean times“ во интервју во кое ги уверува потенцијалните инвеститори дека во Гевгелија ќе ги реализираат своите идеи повеќе и од нивните очекувања.
- Како општина нудиме од 20 до 50 отсто намалување на различни општински даноци и такси. Отворени сме за сите деловни луѓе кои имаат иницијатива. Нашите урбанистички планови ќе ги охрабрат инвеститорите особено во туристичката индустрија, нашите казина и хотели со пет ѕвездички кои се меѓу најдобрите во Македонија. Имаме барања од домашни и странски инвеститори кои се привлечени од нашето поволно бизнис законодавство, ниските даноци и долгата листа владини субвенции за странски директни инвестиции кои се најповолни во Европа, истакнува Франгов.
Историски позната по производството на свила и тутун, општина Гевгелија која се наоѓа на границата на Македонија со Грција, денеска е позната како сервисно ориентиран град со повеќе од 70 компании кои работат во различни сектори и како просперитетна топ туристичка дестинација сместена веднаш до главниот европски коридор Е-75 заклучува престижниот светски магазин.
Ново на Сител
-

За десет месеци албанската полиција уништила над 200 илјади стебла марихуана
-

Казахстан ремизираше со Белгија, македонската репрезентација има теоретски шанси за директен пласман на СП
-

Support Kocani ја реализира четвртата пратка компресивна облека
-

Собраниската комисиска расправа за Предлог-буџетот продолжува в понеделник
-

Судството во 2025 г. имало за 6 милиони евра поголеми плати, тие бараат уште плус 22 милиони евра повеќе
-

На две различни локации во водите на Охридско езеро пронајдени се четири неексплодирани експлозивни направи
-

Продолжуваат ноќните меѓусебни напади помеѓу Украина и Русија
-

55-годишник при извршување земјоделски работи во Нов Дојран пронашол три експлозивни направи
