Француските борбени авиони го извршија првиот извидувачки лет над Сирија
Француските борбени авиони „Рафаел“ изутринава го извршиле првиот извидувачки лет над Сирија, прва ваква француска операција која досега се ограничуваше само на Ирак, јавува дописникот на МИА од Париз.
Веста за првото надлетување над Сирија, со цел да се соберат доволно елементи за евентуални бомбардирања на позициите на ИД, ја соопшти француското Министерство за одбрана.
Операцијата доаѓа помалку од 24 часа по најавата на претседателот Франсоа Оланд, што претставува стратешки пресврт.
- Од министерот за одбрана побарав уште од утре да се спроведат извидувачки летови на Сирија, што ќе дозволи да се предвидат напади против ИД, со што ќе ја зачуваме нашата самостојност за одлучување и акција, изјави вчера францускиот претседател.
Според Оланд копнена интервенција е нереална и нелогична, бидејќи не треба да се направи ништо со што ќе се зајакни или ќе се одржи на власт Башар Ел Асад, кој на крајот мора да си замине. тг/гт/17:06
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко