Франција бара земјите од ЕУ поактивно да соработуваат во борбата против тероризмот
Франција планира да изврши притисок врз земјите-членки на ЕУ за поактивна соработка во борбата против тероризмот, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев.
Тој ја даде изјавата пред денешната министерска средба на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ, која ќе се одржи во Амстердам.
Казнев истакна дека на средбата ќе настојува да биде усвоена листа на рокови за натамошни активности, кои ќе овозможат преземање на првите конкретни мерки до крајот на првото тромесечие оваа година.
Тој, исто така, упати критики до некои држави од Унијата, кои не доставуваат доволно податоци во информациските бази на шенгенскиот систем, кои се наменети за собирање и размена на информации за осомничени лица и оние на кои им е забранет влез во Шенген зоната.
- Некои земји сметаат дека терористите нема да ги нападнат, но тие се залажуваат, бидејќи терористите водат борба целосно против европскиот модел, нагласи францускиот министер.
Ново на Сител
-
Експлозии низ Бејрут во текот на ноќта, напаѓани финансиерите на Хезболах
-
Премиерот Мицкоски во Салцбург на 20. Европски самит
-
Нема опасност за посетителите на ЗОО Скопје доколку немале директен контакт со заболените птици
-
СЗО: Египет е земја без маларија
-
Слот по победата над Челси: Најтешкиот натпревар досега, вложивме неверојатен напор
-
Почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
ПМФЛ: Силекс го победи актуелниот шампион, Вардар поразен и од Беса
-
Алаба не се откажува, почна да трча без болки во коленото