Филипче: Веднаш кога ќе може ќе ги имаме предвид сите кои сега не добиваат зголемување на платите во здравството

Ветивме поголема плата за лекарите и сестрите, веќе е тоа делумно остварено. Дефинитивно процесот ќе се заокружи во февруари кога ќе се достигнат стоте илјади денари на клиниките, блиску стоте илјади денари заедно со дежурствата нето примања во сите други болници и во следен чекор веднаш кога ќе може ќе ги имаме предвид сите тие кои сега не добиваат зголемување на платите, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашања во врска со протестот на административно-техничкиот персонал од јавните здравствени установи, најавен за 26 декември пред Министерството за здравство, кој бара зголемување на платите.
Филипче посочи дека имале повеќе средби со администрацијата и со помошно техничкиот персонал. Политиката, пристапот, истакна, беше да инвестираме таму каде кадарот е најдефицитарен, а тоа се здравствените работниците, лекарите и медицинските сестри.
– Не можеме администрацијата да ја одделиме од останатата администрација во другите сектори во другите ресори. Во повеќето наврати во кои се сретнавме укажавме на тоа дека и покрај тоа што сакаме да пробаме заедно со Министерството за информатичко општество и администрација да направиме доколку може законски измени за таа администрација да се иземе од останатата, па да имаме простор во иднина тоа да го направиме, дека сега зависиме и од средствата кои треба да се имаат предвид за зголемување на плати и за останатата администрација, заради тоа што тоа е фер и коректно, додаде Филипче по посетата на Универзитетската клиника за очни болести.
Ново на Сител
-

Портпаролката Марија Захарова го исмеа Бајден
-

Превземени мерки за случајот во Струмица, малолетници објавиле видео на „Тик ток“ како вршат насилство врз врсник
-

Најмалку шест лица загинаа во пожар во магацин за парфеми во Турција
-

Приведено едно лице од гостиварско, пронајдена дрога
-

Зеленски: Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети
-

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти
-

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка
-

Трамп: Ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка
