Македонија
7. November 2025 - 12:20

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица

Актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев кој вчера беше уапсен е се уште во полициска станица и според информациите од надлежните истражни институции, тој во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во кривичниот суд.

Според првичните инфомрации од МВР и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Стоилев е осомничен за земање мито од пет илјади евра за тој да го забрза процесот на исплата на европски пари кои ги распределува Агенцијата. Во акцијата биле извршени претреси на повеќе локации низ државата, а приведени се уште неколку лица.

За случајот реагираше опозициската СДСМ. Според партијата, апсењето било показател за корупција во земјоделието.

Година и пол се зборува дека се бараат провизии, дека се задржуваат предмети, дека службеници трпат притисоци. Сега тоа доби потврда со раце фатени во криминал.

Очигледно станува збор за систем на рекетирање во институција што треба да биде мотор на развојот. И тоа е систем на ВМРО-ДПМНЕ и на никој друг. Наместо да зборуваме за инвестиции, модерни фарми и извоз, денеска зборуваме за рекет, обележани пари и мито во фиоки.