Филипче: Имаме посилен втор бран на вирусот поради непочитување на мерките

Деновиве имаме посилен бран на вирусот како последица олабавување на мерките и на повеќе настани главно семејни собири на кои не е почитуваа мерките за дистанца, миење раце, носење маски на кои редовно апелираме, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
Филипче информира дека во земјава е повикан советникот на регионалниот директор на СЗО Европа д-р Фабио Скано кој имал средби со властите и здравствените работници на кои се сумирани ресултатите од преземените мерки и се разговарало за идните мерки против коронавирусот.
– Мора да се придржуваат сите кон превентивните мерки и да не се групираат луѓето за да не овозможиме ширење на вирусот. апелирам граѓаните да држат растојание, да носат маски и да ги мијат рацете – рече Филипче.
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
