Бизнис
7. May 2026 - 16:34

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната

Инфлација од 5,7 отсто во април измери државнaта статистика. Скок на цените има кај сите приоиводи, а најголем, од 8 отсто кај храната и над 10 кај пијалоците и тутунот.  На месечно ниво пак, од март до април, инфлацијата е зголемена за 1,3 процентни поени. За еден месец најмногу поскапел транспортот, над 10 отсто  и  храната за 0,7 отсто.

Цените на мало се зголемила за 5%. Премиерот вели – очекувал вакви бројки  бидејќи толку се движи инфлацијата и во  соседството. Ако растот продолжи, - ќе се намалува ДДВ то кај храната.

- На маса е предлогот да се намали ДДВ то од 5 на нула отсто. Но да ги почекаме мајските бројки да видиме како ќе се движи инфалцијата., изјави Христаијан Мицкоски, премиер

Пораст на цените на храната,  енергенсите и металите очекува и Народната банка. Во најновите прогнози – зголемени се проекциите за инфлација годинава., за која предвидуваат да достигне 4 отсто, што е значително повеќе од претходните 2,5 %.  За стабилизација, можно е да се зголеми референтната камата, која во моментов е 4 отсто.

Од Народната банка очекуваат и послаб економски раст од 3,5, наместо првичните 4 % и зголемен трговски дефицит од 5,7 отсто, поради намелните дознаки од странство, одливите за изградба на патиштата и купувањето поскапи енергесни.

Овие бројки се темалат на оптимистичко сценарио дека војната на Блискиот Исток брзо ќе заврши и нафтата до крајат на годинаат ќе се продава по 80 долари за барал.