Струјата нема да поскапи, се разгледува опцијата за пониско ДДВ кај храната
До крајот на година струјата нема да поскапи. Нови пресметки со кои ЕСМ ќе бара скок на цената поради намаленото производство дома и поскапите енергенси надвор, премиерот вели дека нема да има. Граѓаните да бидат спокојни - цената која во моментов ја плаќаат домаќиснтавта е најевтина во Европа и, според Мицкоски, така и ќе остане.
- Имаме најниска цена на енергеси во регионот. Ја следиме состојбата ,Нови пресметки не се очекуваат и нема да има зголемување на цената на електричната енергија. изјави Христијан Мицкоски, премиер
Според анализите на Пазарниот инспекторат, изминатиот месец најмногу поскапеле авиобилетите. Посебно кај нискобуџетните компании. Кај храната, зголемувањето на цените било под еден отсто. Затоа Мицкоски очекува утрешните бројки за инфлацијата да бидат повисоки, но веќе од следниот месец ќе почне да се стабилизира
- Следниот месец очекуваме инфлација под 4% Ако се стабилизраат состојбите на Блсикиот Исток, до крајот на годинаат може инфлацијата да се спушти и до 2 или 3 отсто, додаде премиерот.
Ако растот на цените продолжи, Владата разгледува опци за намалување на ДДВ кај храната. Замрзнатите цени и маржи , според претходното искуство, не вродиле со плод. Исто така, премиерот потврди дека во игра се и таргетирани мерки, со кој ќе има се помогне на најранливите граѓани. Остануваат на сила и намалените акцизи и ДДВ кај горивата, а ако се потврдат сомнежите за злоупотреба на некои компани, кои вршелее реексорт на гориво во соседните земји, премиерот најави дека ќе одговараат за тоа.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
