-->
-->
ФИФА: Пад од едно место
-->
Светската фудбалска федерација (ФИФА) во четвртокот ја објави најновата ранг-листа на фудбалските репрезентации, на која Македонија назадуваше за една позиција и се наоѓа на 135. место.
Пред Македонија, благодарение на сензационалниот триумф над Унгарија пред два месеца, се наоѓа селекцијата на Андора (129.). Од европските селекции, Македонија е подобро рангирана само од Луксембург, Молдавија, Косово, Малта, Лихтенштајн, со кои „црвено-жолтите“ се во иста квалификациска група, односно Сан Марино и Гибралтар.
Другите противници во квалификациската група за пласман на СП во Русија ги задржаа позициите од претходното рангирање: Шпанија (11), Италија (12), Албанија (63), Израел (70).
Промени на ФИФА-листата има на врвот, каде што по еден месец се врати Бразил, пред Германија и Аргентина. Зад најдобрите три се Швајцарија и Полска, што е најдобар рејтинг на овие земји во репрезентативната историја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица