Facebook тешко работи - се соочувате ли и вие со овие проблеми?
Корисниците на социјалната мрежа Facebook деновиве се соочуваат со проблеми во пристапувањето. Страните тешко се отвораат, а тешко оди и прикачувањето на нови содржини. Проблем има и опцијата за пребарување, а утрово, некои корисници воопшто не можеа да и пристапат на „Месинџер“ опцијата.
Од Facebook официјално се уште нема никакви информации. Голем број корисници пријавија дека денеска околу 18 часот по македонско време воопшто не можеле да пристапат на социјалната мрежа.
Facebook вчера ја претстави новата платформа Messenger Lite, која претставува „полесна“ верзија на актуелната апликација за четување.
Од денеска во употреба е и апликацијата Marketplace која функционира како онлајн огласник на кој корисниците на Facebookќе можат да купуваат и продаваат најразлични работи.
Дали зачестеното инсталирање на нови опции придонесе за намалување на функционалноста, се уште не се знае.
Ново на Сител
-
Деца пронајдени во бесознание
-
Јаневска најави ревизија на универзитетите
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Атанасовски, невролог во ГОБ „8ми Септември“
-
100 години Прилепска пиварница
-
Мицотакис: Имаме „оружје“ за тактиките на Мицкоски, ама не го откриваме
-
Воена помош и оружје - Донесен украински пакт за помош на Украина на НАТО самитот
-
СДСМ обвинува дека со кредитот државата оди во политичко заложништво, за власта ова се најповолни услови досега