Loading Video...
Свет
12. July 2024 - 19:59

Преглед на вестите од светот

Унгарскиот премиер ја продолжува мисијата што ја наслови како мировна за изнаоѓање на начини за преговори помеѓу Украина и Русија за завршување на војната. Орбан се сретна со поранешниот претседател на САД  Доналд Трамп во домот на ТРамп на Флорида  а по завршувањето на  средбата, унгарскиот премиер на платформата ИКс напиша- разговаравме за начини за постигнување мир. Добрата вест на денот: тој ќе ја реши војната.  Трамп пак преку неговата платфрома Трамп сошл порача дека доколклу биде  реизбран на ноемврските избори  ќе стави крај на војната во Украина.Орбан  изминативе денови разговараше и со  Володимир Зеленски во Киев, Владимир Путин во  Моксва и со Си Џинпинг во Пекинг.

 

Чамец со 67 мирганти се преврте  во  близина на брегот на Булоњ-сур-Мер во северна Франција, при што загинаа  четворица мигранти. Мигрантите сакаа  да  стигнат во Велика Британија сооптија француските власти. Со ова  бројот на мигранти кои загинаа додека се обидуваа да стигнат до Велика Британија преку Ла Манш од Франција оваа година годиа се зголеми на 19 лица. Темата за илегалната миграција беше една од главнатите теми на британските парламентарни избори на кои победија лабуристите.

 

Албанската опозиција синоќа одржа  антивладин протест во Тирана , на кој демонстрантите фрлаа молотови коктели врз владината зграда а имаше и судри со полицијата. Нема извешаи за повредени.  На протестот се бараше   оствака на премеирот Еди Рама , спроведување слободни и фер избори,како и ослободување на поранешниот премеир и и лидер на опозицијата Сали Бериша, кој е во домашен притвор. Бериша е под истрага за наводна корупција додека бил премиер помеѓу 2005 и 2013 година. Јавното обвинителство сеуште неодлучило  дали ќе покрене обвиение против Бериша.