Loading Video...
Свет
4. August 2024 - 16:28

Преглед на вестите од светот

Украинската војска пријавила дека потопи руска подморница во Црното Море и нападнала  аеродром во Русија, додека руската страна соопшти дека украински беспилотни летала погодиле станбена зграда, при што загинало едно лице.

Ваквите напади следуваат откако Украина изврши притисок врз своите сојузници да и дозволат да користи ракети со долг дострел за да напаѓа цели длабоко во руската територија.

Западните сојузници, особено САД, досега даваа отпор, стравувајќи од ескалација на конфликтот.

За украинскиот претседател Зеленски единствениот начин да се обезбеди безбедноста било да се напаѓаат руските аеродроми.

Иранската закана за остра одмазда против Израел, кој го обвинува за смртта на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије ја влошува состојбта на блискиот исток.

Израелскиот премиер, Нетанјаху, го предупреди Иран да не го напаѓаат Израел, бидејќи како што рече ќе бара висока цена за секој чин на агресија против нив.

Во последното деноноќие, 12 лица загинаа во израелските воздушни напади во Појасот Газа, додека двајца беа убиени во напад со нож од страна на палестински милитант во предградие на Тел Авив. Израелците извршија напади врз бегалски камп во болнички комплекс во централниот дел на Појасот Газа и на северот на територијата.

Во меѓувреме се повеќе држави нареди евакуција на своите граѓани кои се наоѓаат на територија на завојуваните подрачја. И македонското МНР со повика до нашите државјани - да ги одложат патувањата кои не се неопходни кон Израел.

Дополнително,  македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел, да ги следат упатствата на националните безбедносни власти и во зависност од потребата и динамиката на безбедносната ситуација, да го напуштат Израел.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, кој според официјалните резултати од изборите одржани на 28 јули доби трет мандат, изјави дека околу 2.000 лица биле уапсени за учество во протестите на опозицијата, која тврди дека изборите биле украдени. Мадуро во саботата во обраќањето пред приврзаниците во Каркас рече дека уапсените ќе бидат осудени на максимална казна.

Според различни извештаи, меѓу 10 и 20 лица загинале во судирите со полицијата на протестите по изборите.

Во исто време, лидерот на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, се обрати на масовниот собир пред десетици илјади луѓе во главниот град пркосејќи на владините повици за нејзино апсење и изјавувајќи дека режимот на власт го изгубил легитимитетот.