Loading Video...
Свет
5. September 2024 - 19:47

Преглед на вестите од светот

Австриски државјанин е лицето кое утрово го уби Германската полиција во близина на израелскиот конзулат во Минхен. Министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман, рече дека станува збор за исламист што од претходно ѝ бил познат на полицијата. Во тек е истрага за неговите мотиви. Тој почнал да пука кон полициските службеници кои приситигнале кај конузлатот по пријавите за сомнителен маж кој носел оружје.

14-годишниот Колт Греј, кој вчера смртно застрела двајца соученици и двајца наставници во средното училиштето Апалачи во американскиот град Виндер ќе одговара за убството и ќе му се суди како на возрасен. Тој е во притвор, а мотивот за нападот сè уште е непознат. Грејм и е познат на полицијата од претходно. Минатата година, тој бил бил сослушан откако ФБИ добил анонимни информации за закани на Интернет дека ќе изврши неодредено пукање во училиште, но било заклучено дека нема причина за негово апсење. 

Францускиот претседател Емануел Макрон го именуваше 73 годишниот Мишел Барние за нов премиер на земјата, речиси два месеци по одржувањето на вонредните  парламентарни избори. Барние има долгогодишна политичка кариера. Беше на високи позиции и во Франција и во ЕУ, а беше и главен преговарач на Европската Унија (ЕУ) за Брегзит. Тој сега треба да формира влада која мора да преживее гласање за доверба во Националното собрание, кое е поделено на три големи блока од кои ниту еден нема мнозинство. 

Рускиот претседател  изјави дека  сака Камала Харис да победи на претседателските избори во САД. Говорејки  говорејќи на Источниот економски форум во Владивосток. Путин рече и  дека се му допага смеењето на Харис  кое често го критикува нејзниот ривал во трката за Белата кука Трамп.

„Реков дека наш фаворит е актуелниот претседател, господинот Бајден, тој беше отстранет од трката, но тој им препорача на своите поддржувачи да ја поддржат г-ѓа Харис, па и ние ќе го направиме истото, ќе ја поддржиме, како прво. Второ, Нејзината смеа е толку експресивна и е заразна, што значи дека се е во ред со неа.