Македонија
12. July 2024 - 21:22

Деца пронајдени во бесознание

Четворица малолетници се пронајдени попладнево во безсознание во куќа во Скопје, дознава Сител.

Според информации на Сител, тие се во сериозна здравствена состојба, а забележани се и повреди на нивното тело. 

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но според полицијата, нивните службеници на терен затекнале двајца од четворицата во бесознание, како и алкохол и психотропни супстанци. 

- Денеска полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и при тоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци. Лицата се пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со Јавен обвинител, кој излегол на лице место, се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за Сител.