Ф1
11. December 2021 - 19:49

Ф-1: Пол позиција за Ферстапен во Абу Даби

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен беше најбрз на денешните квалификации за утрешната трка во Абу Даби од шампионатот во Ф-1 и обезбеди пол позиција пред големиот конкурент за титулата Луис Хамилтон кој беше побавен за 0,4 секунди од Холаншанецот. 
На третата и четвртата позиција ќе се најдат Ландо Норис од Мекларен и Перез , вториот возач на Ред Бул. 
Понатаму следуваат Саинц од Ферар и Ботас од Мерцедес. Трката во Абу Даби ќе се вози од 14 часот.