-->
-->
ЕУ ќе направи нов обид за доставување хуманитарна помош за Алепо
-->
Европските лидери ветија храна и лекови за луѓето кои останаа блокирани во опустошениот сириски град Алепо.
Камиони натоварени со хуманитарна помош од ЕУ чекаат од октомври можност да стигнат до квартови на градот што се под контрола на бунтовниците.
На вчерашната средба на врвот на ЕУ, германскиот канцелар Ангела Меркел изрази жалење за неуспешната европска дипломатија таму. Францускиот претседател франсоа Оланд изјави дека Париз ќе работи за изготвување резолуција за коридори за хуманитарна помош кон Алепо и ќе ја поднесе до СБ на ОН.
Претседателот на ЕС, Доналд Туск рече дека 28-те држави ќе ги искористат сите дипломатски средства за да може да се достави хуманитарната помош за околу 50.000 луѓе кои се уште се во Алепо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Митинг на СДСМ
-
Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ
-
Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
-
Преглед на вестите од светот
-
Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
-
Советниците на Град Скопје ја завршија последната седница за нецели 5 минути и заминаа на коктел
-
Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања