ЕУ го поддржува договорот со Иран
Европските земји ќе сторат сé што можат за да го сочуваат договорот за ограничување на иранската нуклеарна програма, и покрај сомневањата на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти денеска Европската унија.
- Ова не е билатерален, туку мултилатерален договор. Како Европејци, ќе сториме сé за да се осигураме дека тој ќе остане на сила, изјави Хелга Шмид, генерален секретар на Службата за надворешни работи на ЕУ, на иранската инвестициска конференција, а по повод договорот меѓу Иран и шест светски сили (САД, Франција, Германија, Велика Британија, Русија и Кина).
Трамп деновиве преиспитува, дали овој нуклеарен договор е во служба на американските безбедносни интереси, а на 15 октомври треба да го информира Конгресот дали Техеран ги исполнува своите обврски според договорот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска
-
Свечена седница во Влада по повод Денот на албанската азбука
-
Меџити: Уставен суд се претвори во змеј, сите фрлаат со стрели и оган кон оваа институција